Поглед од прво лице: Руски падобранци на вежбата „Центар-2019“ (ВИДЕО)

Интернет-портал „Бог-рата“
На воената вежба од стратешки формат „Центар-2019“ се увежбуваа нови облици на офанзивни борбени дејствија против непријател кој е позициониран на широко подрачје. Притоа беа масовно користени руските падобранци, кои имаа задача да формираат компактен десантен простор од кој започна енергичен напад врз изненадениот непријател.

На вежбата беше реализиран и нов облик на тактика која се изведува во офанзивните операции, а која вклучува широка употреба на воздушно-десантните сили и нивната техника во координација со масовна примена на високопрецизна муниција што ја употребуваат тактичките ловци-бомбардери и артилериско-ракетните средства.

Падобранци беа десантирани од тешки воено-транспортни авиони „Ил-76“ и хеликоптери „Ми-8“. Со нив беше десантирана и оклопна борбена техника која се состоеше главно од оклопни возила БМД-2, баги и квадови.

Во овие дејствија беа употребени ескадрили на тактичката јуришна авијација, ловци-бомбардери и јуришници, како и ударни хеликоптери. Од артилериско-ракетните средства беа ангажирани самоотки „Мста-С“, тешки самоодни минофрлачи „Туљпан“, повеќецевни лансери „Град“ и „Ураган“, како и разорниот ТОС-1А „Сонцепјок“.

По виталните командни места беше употребен оперативно-тактичкиот ракетен комплекс „Искандер-М“ кој, меѓу другото, има способност да дејствува и со тактички нуклеарни боеви глави, пренесува интернет-порталот „Бог-рата“.

Во стратешките командно-штапски вежби обединети под името „Центар-2019“ учествуваа околу 130000 војници со повеќе од 20000 единици разновидна борбена техника, околу 600 борбени и транспортни летала, до 15 борбени и помошни бродови.

Главните активности во рамките на оваа вежба од стратешки формат се одржаа на воените полигони Тоцкој, Донгуз, Аданак, Чебаркулск, Јургински, Алејски, Ашулук, Сакафулево, како и во акваторијата на Каспиското Море.

Во рамките на стратешката командно-штапска вежба „Центар-2019“  беа ангажирани вооружените сили на Русија, Кина, Индија, Пакистан, Киргистан, Казахстан, Таџикистан и Узбекистан.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња