Еве какви нови ракети со краток и среден дострел ќе се појават во Русија наскоро

МиГ-31

МиГ-31

Евгениј Бијатов/Sputnik
Откако САД се повлекоа од Договорот за нуклеарни ракети со дострел од 500 до 5.500 километри (РСМД), Русија ќе ги „отстрани своите ракети“ од бродовите и од авионите и ќе ги врати на копното.

Рускиот претседател Владимир Путин на втори февруари го соопшти одговорот на американското повлекување од Договорот за уништување на ракетите од среден и од краток дострел. Москва во текот на следната деценија ќе воспостави мрежа копнени системи кои ќе бидат способни за дејство по непријателските бази на оддалеченост од 500 до 5.500 километри.

Но, за какви точно ракети станува збор?

„Копнен Калибр“

Пред сè претседателот нареди крстосувачките ракети „Калибр“ да се преместат од бродовите на копно. Не само што овие ракети ќе бидат сместени во магацините на копнените борбени системи, ами и ќе бидат интегрирани со хиперсоничните технологии со помош на кои ќе можат да се заобиколат сите постоечки непријателски системи за противракетна одбрана.

„Во овој момент крстосувачките ракети од типот Калибр се само шлаг на тортата на рускиот арсенал. Дострелот на дејството на овие ракети се движи помеѓу 300 и 2.600 километри. Притоа Калибр не лета кон целта по должината на траекторијата од врвот кон дното, ами крстосува преку пејзажи и терени, директно над главите на луѓето“, објаснува за Russia Beyond-Македонија професорот на Академијата за воени науки Вадим Козјулин.

Важен детаљ е и полнењето на оваа муниција. Технолошкиот развој ни овозможува во следната деценија секоја од боевите глави на овие ракети да ги наполниме со експлозивна сила блиска на нуклеарната.

„Затоа тие ќе станат високопрецизни и маневрабилни оружја, а без последична радиоактивна контаминација на зоната на дејствието. Така копнените единици по уништувањето на целта слободно ќе можат да се движат по таа територија“, додава тој.

Според него, војската ја разгледува можноста носач на „копнениот Калибр“ да биде оперативно-тактичкиот комплекс „Искандер-М“, разместен на самата граница на Источна Европа во Калининград, за во случај на војна да ги уништи објектите на американскиот ракетен штит во Полска. Сега арсеналот на овие системи ќе се прошири со воведување на ново високопрецизно вооружување кое ќе може да ја гаѓа целта дури во Медитеранот.

„Враќање од небото на земја“

Уште една ракета која се најде на новата листа на „зајакнување на копнениот капацитет“ е најновиот хиперсоничен проектил „Кинжал“ кој се монтира на ловците-пресретнувачи од типот МиГ-31. Според војската, ова е единствена авионска ракета на светот која кон целта лета со брзина со осум пати поголема брзина од звукот.

Според началникот на Воздушно-космичките сили на Руската Федерација генерал-полковник Сергеј Суровкин овие ракети можат да гаѓаат цели на оддалеченост од над 2.000 километри без влегување во зоната на противничката противвоздушна одбрана (се однесува на авионската верзија на ракетата).

„Маневрирањето на ракетата при брзина неколку пати поголема од брзината на звукот овозможува таа безбедно да ги надмине сите постоечки и перспективни системи за противавионска и противракетна одбрана“, вели главниот командант на Воздушно-космичките сили за Russia Beyond-Македонија.

Покрај тоа, оружјето на својот носач има уред за насочување во сите климатски услови, што значи дека може да ја погоди целта во кое било време од денот или ноќта, на дожд или на снег.

Кругови руски воени стручњаци веруваат дека ова ударно оружје ќе ја добие својата „копнена“ инкарнација во текот на следната деценија, и дека ќе се најде на браникот на татковината. Единствено останува отворено прашањето за цената за развојот и за опремувањето: трката во вооружување не е евтина игра.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња