Погледнете удар на ракета лансирана од системот „Искандер-М“ (ВИДЕО)

Скриншот
Министерството за одбрана на РФ објави кадри од стратешката командно-штапска вежба „ЦЕНТАР-2019“. Од нив се гледа удар на оперативно-тактичкиот ракетен комплекс „Искандер-М“. Ударот е реализиран по условна база на терористите која се наоѓаше на оддалеченост од неколку стотини километри.

Ракетниот екипаж од Централниот воен округ е префрлена на Урал. Ударот го изврши ракетен систем „Искандер-М“ врз терористичка база, оддалечена неколку стотици километри, пренесува интернет-порталот РГ.

Како што соопшти Министерството за одбрана на РФ, за време на реализацијата на боевото гаѓање првин беа уредени огнените и резервните позиции. Направена е топографско подготовка на теренот, а исто така е уредена и позицијата за претовар на ракетите.

Покрај тоа, целиот реон на којшто излегоа огнените елементи на ракетната бригада се покриени со средства на ПВО од евентуални удари на противничката авијација и крстосувачки ракети. Конкретно, позицијата со оперативно-тактичкиот ракетен систем „Искандер-М“ ја покриваа ПВО-системи со краток дострел „Панцир-С1“. Имаше и средства за противелектронски пречки, пренесува порталот Marsonline. 

„Резултатот од заедничкото изведување на тактичката вежба во која учествуваа ракетни единици на армиите на Русија и Казахстан е успешно неутрализираната цел. За тоа време единиците на ПВО успешно ги заштитија овие средства од потенцијален напад од воздух“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Командантот на ракетните сили и артилериски единици во рамките на Копнената војска на вооружените сили на Република Казахстан полковник Аскар Жаламанов рече дека „ракеташите“ извеле „мошне обемна работа кога станува збор за содејство во реализацијата на борбените задачи изведувани во теренски услови“.

Оперативно-тактичкиот ракетен систем „Искандер-М“ е наменет за уништување на системи за ПВО и ПРО на непријателот и неговите критички важни објекти во тактичка и оперативна длабочина на непријателскиот фронт. Во неговото вооружување е ракетата 9M723, која се карактеризира со корелативен тип на наведување и квазибалистичка траекторија.

Квазибалистичката ракета 9M723 се одликува со исклучително голема брзина на лет. Се карактеризира со променлива траекторија, така што претставува многу изискувачка цел која е многу тешка за соборување со системите на ПРО. Ракетата е способна за маневрирање во висина и правец при брзина поголема од 7500 км/ч. Притоа таа трпи оптоварување и до 30G. Во текот на летот може да достигне висина и до 100 км. Нејзиниот максимален дострел изнесува 500 км. На таа далечина нејзиното максимално отстапување од целта е само 5-7 метри.

Прочитајте повеќе: Компанијата која го разви „Искандер-М“ работи на нов ракетен систем

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња