Во Москва претставен рускиот пандан на американската пушка AR-15

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND
На Меѓународниот саем на ловечко и спортско оружје Arms & Hunting 2019 во Москва беше претставена руската пушка ORSIS-AR15J. Таа е пандан на американската полуавтоматска пушка AR-15.

Како што соопшти прес-службата на компанијата ORSIS, која го произведува ова оружје, пушката првпат е претставена пред јавноста. Во текот на саемот ќе бидат обелоденети некои нејзини технички карактеристики, пренесува „Росиjскаja газета”.

Руската компанија ORSIS претходно започна сериско производство на полуавтоматската пушка AR-15 според американскиот модел. Најпрвин ја склопуваа од делови произведени во САД, а сега организираа свое производство. Рускиот модел има различна цевка која е проектирана според руска технологија и ја зголемува прецизноста и експлоатациониот ресурс на оружјето.

AR-15 е американска полуавтоматска пушка. Се произведува уште од 1963 година како цивилно и ловечко оружје. Пушката е исто така дел од вооружувањето на американската полиција. Користи куршуми со калибар 5,56х45 милиметри, брзината на стрелба ѝ е до 950 куршуми во минута рафално.

Прочитаjте повеќе: Во Русија започна производство на американска пушка