АК-47 (лево) и американска полуавтоматска пушка AR-15
Reuters„Компанијата ORSIS започна сериско производство на полуавтоматски пушки ORSIS-AR15J. Претходно склопувавме слични пушки од американски делови, а сега компанијата организираше сопствено производство кое не зависи од испорака на делови од САД“, ги пренесува агенцијата РИА „Новости“ зборовите на претставник на компанијата.
Тој додаде дека ORSIS-AR15J е еквивалент на американската полуавтоматска пушка AR-15 за муниција со калибар 5,56×45 мм, која е првобитно направена како јуришна пушка на американската армија.
Од компанијата објаснуваат дека новата модификација најмногу се разликува по цевката што ја произведува ORSIS и која значително ја зголемува прецизноста на гаѓањето и го продолжува работниот век на пушката.
Во февруари 2018 година правосудните органи на САД соопштија дека Николас Круз токму од пушка AR-15 со магазин од 30 куршуми пукал во учениците и наставниците во училиштето „Марџори Стоунмен Даглас“ во Паркланд, Флорида.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче