ФОТО: Најдобрите американски модификации на „Калашников“

Krebs Custom "CORE" Rifle

Krebs Custom "CORE" Rifle

Krebs Custom Guns
Ви претставуваме некои од најдобрите верзии на „Калашников“ на цивилниот пазар на САД за кои можеби не сте чуле.

Rifle Dynamics AK

Ова е модифицирана верзија на АК-47 од работилницата на малата американска компанија "Rifle Dynamics". Во суштина тоа е советската класика надополнета со барабан-рамка со капацитет од 96 куршуми и комплетно модернизирана тактичка конфигурација за подобрување на прецизноста и брзината на стрелба.

Оружјето е направено за калибар 7,62х39 мм и на американскиот пазар може да се најде во својата целосна конфигурација по цена од 2200 долари.

Krebs AK-AC-15

Уште еден обожавател на „Калашот“ е и "Krebs Customs" од државата Илиноис. Компанијата произведува сопствени тактички додатоци (ракофати, кундаци, цевки, итн.) за автомати од семејството АК. Некои од нив се толку „кул“ што се најдоа и во видео играта Fallout 4.

Ова оружје во целосната конфигурација може да се купи на американскиот пазар за 2000 долари.

Apex Arsenal AK

Оваа компанија е специјализирана за изработка на тактички додатоци за „Калашников“ на американскиот пазар. Одлика на оваа фирма е ставањето акцент на изработката на специјални навлаки кои би биле во согласност со класичната естетика на моделите од семејството АК.

Цената на „Калашников“ со навлаки на „Apex Arsenal“ изнесува околу 1800 долари.

Прочитајте повеќе: Од Кина до Данска: Варијанти на „Калашников“ од цел свет (ФОТО)

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња