Новиот кабриолет „Крим 2.0“ официјално претставен на јавноста

Проект Крим
Инженерите на московскиот државен технички универзитет „Бауман“ изнесоа некои детали за вториот прототип на кабриолетот „Крим“, кој претрпе измени во изградбата на рамката и суспензијата. Работата на проектот не запира, студентите веќе работат на третиот прототип на овој автомобил.

На официјалната страница на проектот „Крим“ се соопштува дека на вториот прототип на кабриолетот се поправени пропустите откриени за време на експлоатацијата на првиот прототип. Најголемот број пропусти се однесуваа на суспензијата, квачилото и „одделни конструктивни особености на единечните делови“.

Новитетот има носечка конструкција во вид на кутија, што овозможи примен на пресуван метал сечен со ласер.

„Носечката конструкција е многу лесна, цврста и исклучително добро технолошки решена “, велат авторите на проектот.

Вториот прототип доби хидраулично квачило и поголем багажник. Зголемена е и пасивната безбедност на автомобилот.

Целта на овој проект е да се направи спортски кабриолет за млади, и тоа исклучиво врз база на делови од домашно производство. Кабриолетот „Крим“ е направен врз основа на моделот „Лада Калина“, има мотор од 106 КС и менувач со пет брзини.

Во иднина ќе се појават верзии со „фризиран“ мотор од 140 КС и автоматски менувач. Се предвидува неговата цена да биде околу 650000 рубли.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња