Бомбардери Ту-160 летаат над Балтикот (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Бомбардерите на стратешката авијација на Воздушно-космичките сили на РФ на различни делници од летот ги следеа авиони-ловци на пет земји.

Министерството за одбрана на Руската Федерација објави видеоснимка од планираниот лет на два ракетни бомбардера Ту-160 над Балтичкото море. Како што рекоа од министерството, летот траел повеќе од седум часа.

Бомбардерите на стратешката авијација на Воздушно-космичките сили на Русија на одделни делници од летот ги следеа авиони-ловци на воените воздухопловства на Белгија, Данска, Полска, Финска и Шведска.

Сите летови се изведени строго во согласност со Меѓународните правила за употреба на воздушниот простор, без повреда на границите на други држави.