Ту-160
Леонид Фаерберг/Transport Photo Images/Global Look Press„Реализиравме во Казањ сјаен проект. Фактички направивме нова машина Ту-160 за нашите вооружени сили – суперсоничен борбен ракетоносец. Не го усовршивме само авионот, туку и оружјето што тој го носи. Сѐ работи како часовник, навистина е фантастично“, рече Путин на средбата со претставниците на граѓанските организации во Татарстан, пренесува РИА „Новости“.
Шефот на руската држава истовремено предложи да се размисли за создавање суперсоничен патнички авион.
„Ние сега треба да му се вратиме на суперсоничниот патнички сообраќај. Треба да се размисли за тоа... Зошто да не направиме суперсоничен патнички авион?“, се запраша рускиот претседател во текот на разговорите со граѓанските активисти.
Претходно руското Министерство за индустрија и трговија соопшти дека работите на проектот за скицирање на суперсоничен патнички авион можат да почнат од 2022 до 2026 година. Според податоците кои ги изнесе ова министерство, со тоа треба да се позанимава Обединетата корпорација за производство на авиони („Объединенная авиастроительная корпорация“).
Во ноември 2017 година Ту-160 беше префрлен од халата за завршно склопување на фабричкиот полигон за тестирање. Би требало ефикасноста на модернизираниот ракетоносец да биде зголемена за 60%.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче