Вниманието на рускиот лидер го привлекоа хеликоптерите кои се произведуваат во Татарстан.
Претседателот на РФ Владимир Путин во најновиот хеликоптер Ми-38Т.
Kremlin Pool/Global Look PressПретседателот на Русија се качи во најновиот хеликоптер Ми-38Т кој може да прими 40 падобранци, детално го погледна и се запозна со карактеристиките на модификацијата која го носи називот „Ансат“.
Во посебен хангар на рускиот претседател му беше претставен авионот Ту-214.
Путин начал серию военных совещаний с осмотра вертолетов в Казани. Остался доволен: “Функционально и красиво” pic.twitter.com/F9M8AOPcMN
— Кремлевский пул РИА (@Kremlinpool_RIA) 13 May 2019
Како што се истакнува во информациите поврзани со посетата на Путин, оваа фабрика од основањето направила преку 22000 примероци на авијациска техника. Меѓу нив се ширум светот познатите авиони: Пе-2, Пе-8, Ту-16, Ту-104Б, Ту-23М3, Ту-160 и Ил-62М.
Казањската фабрика за авиони кон средината на 1990-те заедно со конструкторското биро „Туполев“ започна со развој и производство на патничкиот авион Ту-214.
Путин ја посети оваа фабрика во јануари 2018 година и го набљудуваше првиот лет на новиот стратешки бомбардер Ту-160. Беше потпишан и договор за производство на овие машини и сега активно се работи на тоа.
Во тек е и сеопфатна модернизација на целиот производствен комплекс на фабриката „Горбунов“, вклучувајќи и реконструкција на аеродромот.
Пуштен е во работа новиот командно-диспечерски центар, а исто така и хангари, бункери за авиони и специјална гаража.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче