АК-47
Legion MediaКако што пренесува RT повикувајќи се на документот на нарачката, макетите се купуваат како опрема за обука.
„Пет комплети имитации на автоматот АК-47 кои користат мали шишиња со кислород и пропан за симулација на отворање оган“, пишува во текстот на нарачката.
Во нарачката е наведено дека заедно со автоматите треба да бидат испорачани и средства за управување и држач за пренесување на шишињата со гас во ранецот.
Во рамките на истиот тендер Пентагон има намера да купи две справи за симулација на експлозија и шест контејнери за чад, како и кутии со чадни бомби.
Претходно во мај „Ростех“ соопшти дека не постои можност за продажба на муниција на Соединетите Американски Држави.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче