Руски „Плејбој“
PlayboyПо првата публикација во Америка, на магазинот „Плејбој“ му требаше речиси половина век да се појави и во Русија. Во Русија не се продаваше сѐ до 1995 година, но тогаш зазеде значајно место, затоа што во земјата почна постсоветската сексуална револуција. Првата насловна страница на списанието во Русија имаше симболичен назив: „Русија, лето 1995“, и тоа беше многу жешко лето во секој поглед.
Првата насловна страница во Русија 1995 година.
PlayboyРуската поп-ѕвезда Лада Денс наскоро се појави полугола во „Плејбој“ 1996, а потоа ја доби главната улога во руската верзија на „Сексот и градот“, во која ја играше улогата на Саманта.
Руската поп-ѕвезда Лада Денс
PlayboyГодина дена подоцна, пејачката и секс-симбол на 1990-те Наташа Корољова стана девојка на месецот на „Плејбој“, што ѝ помогна да го промовира својот хит „Жолти лалиња“.
Пејачката Наташа Корољова
PlayboyРуската поп-пејачка и поранешна членка на групата „Мираж“ Ирина Салтикова исто така се појави на насловните страница во 1997 и 2000 година. Ја споредуваа со Памела Андерсон – барем во извесна смисла потсетуваше на неа.
Ирина Салтикова, поранешна членка на групата „Мираж“
PlayboyОксана Фандера исто така е руска актерка која ја красеше насловната страница на „Плејбој“. Таа во 1988 година го зазеде второто место на првиот советски избор за Мис, организиран под називот „Московска убавица“. И нејзината колешка, моделот Алика Смехова стана „зајачица“ во 1996 и 1999 година.
Глумицата Оксана Фандера
PlayboyМнозинството руски мажи со задоволство ќе се сетат на манекенката и телевизиска ѕвезда Ана Азарова. Таа се појави во едно издание во кое беше објавено и интервју со Доналд Трамп.
ТВ-ѕвездата Ана Азарова
PlayboyВодителката на емисии за сексот, Анфиса Чехова, во 2008 година брзо стана популарна благодарение на еротската шоу-програма „Секс со Анфиса Чехова“. Не ѝ требаше многу време да се стекне со верни приврзаници, особено со оглед на тоа што се појави на главната страница на „Плејбој“.
ТВ-водителката Анфиса Чехова
PlayboyТелевизиското шоу под наслов „Дом 2“, во која учесниците градат куќа и во тој процес се обидуваат да си најдат партнер, даде уште една девојка од насловните страници на „Плејбој“. Аљона Водонаева се разголи 2009 година кога ја напушти оваа шоу-програма каде гледачите три години го следеа нејзиниот безгрижен начин на живот. Таа беше навистина „лоша девојка“ на руската телевизија.
Аљона Водонаева
PlayboyПејачката и поранешна натпреварувачка во уметничко лизгање Ана Семјонович ја шармираше публиката со својот исклучителен изглед. За нејзината става се шират многу гласови, но таа вели дека никогаш не била на пластична операција. Таа е поранешна победничка на Јуниорското светско првенство, двојна победничка на Финскиот куп и поранешна „зајачица“.
Поранешната уметничка лизгачка Ана Семјонович
PlayboyПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче