Ова го изјави висок функционер на Белата куќа, пренесува рускиот интернет-портал РИА „Новости“.
Според него, во САД „не постои потреба“ од разгледување на набавка на нови ракетни технологии од Русија, бидејќи оваа држава во таа сфера има низа компаративни предности во однос на Руската Федерација.
При своето обраќање на пленарната сесија на 5 Источен економски форум, што се одржа во Владивосток, претседателот на Руската Федерација рече дека му предлагал на Вашингтон да купи хиперсонично оружје од Русија, пренесуваат РИА „Новости“. „Му реков на Доналд: Сакаш да ви продадеме? Така веднаш ќе постигнеме баланс. Вистина, тие зборуваа дека наскоро самите ќе создадат такво оружје, и веројатно ќе успеат. Но, зошто да се трошат, кога веќе ние сме се потрошиле? Можеме од нив нешто и да добиеме и не нешто што ќе биде опасно за нашата безбедност, туку да постигнеме рамнотежа на силите“, ги пренесува новинската агенција РИА „Новости“ зборовите на Путин.
Руската воена индустрија неодамна направи исклучителен напредок во развојот на ракетна технологија, која може да постигне параметри на хиперсонична брзина. Покрај фактот дека овие летачки објекти можат да достигнат брзина до 27 маха („Авангард“), тие исто така ќе можат да маневрираат во нивната траекторија, што ќе го направи нивното пресретнување практично невозможна мисија.
Ова првенствено се однесува на ракетниот комплекс „Кинжал“ од класата „воздух-земја“/„воздух-вода“, перспективниот ракетен комплекс „Циркон“ кои пред сѐ ќе базираат на бродови и подморници, и ракетниот комплекс за стратешка намена „Авангард“ кој ќе биде интегриран во интерконтинентални балистички ракети. Во овој момент, но и во понатамошна перспектива, не постои адекватно средство што може да се спротивстави на овие ракети.
Како што пренесува интернет-порталот РГ, Русија е единствената држава на светот која, официјално, има ракетни системи со хиперсонични карактеристики.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче