Станува збор за хиперсоничната ракета „Циркон“. Тој напомна дека за оваа ракета станало збор при неговото минатогодишно обраќање, кога вети дека постепено ќе изнесува детали за новите типови перспективно вооружување кое треба да стане основа на руската армија, пренесува порталот „Бог-рата“.
„Созреа времето да ве информирам за уште еден многу ветувачки новитет. Тука со малку понизок тон ќе кажам што поседуваме. Значи, се работи за уште еден проект кој се развива во планираните временски рокови и кој несомнено ќе биде завршен. Сакам на овој начин да кажам дека се работи за хиперсоничната ракета „Циркон“, рече претседателот на Русија.
Тој напомна дека поморската ракета „Циркон“ ќе лета со брзина од 9 маха на далечина поголема од 1000 километри. Се претпоставува дека со овој тип ракета ќе бидат вооружени површинските воени бродови и подморниците, како перспективните, така и оние кои веќе се наоѓаат во оперативна функција.
Претседателот на Руската Федерација зборуваше и за другите успеси на воено-индустрискиот комплекс, како што е почетокот на сериското производство на ракетниот комплекс „Авангард“ и ИБР „Сармат“.
Според него, новите типови вооружување како ласерскиот комплекс „Пересвет“ и хиперсоничните ракети од класата „воздух-воздух“ „Кинжал“ ја демонстрирале својата ефективност. Исто така, многу динамично се развиваат проектите за крстосувачката ракета со неограничен дострел „Буревесник“ и нуклеарниот подводен дрон „Посејдон“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче