Русија, за разлика од другите земји, поседува во својот арсенал хиперсонични ракетни системи, изјави рускиот претседател Владимир Путин на годишното заседание на дебатниот клуб „Валдај“.
„Тоа е очигледен факт, експертите го сфаќаат тоа и се свесни дека ние без какво било сомневање ги претегнавме сите наши, така да речам, партнери и конкуренти во таа сфера. Засега никој друг не поседува високопрецизно хиперсонично оружје. Одделни земји планираат да го тестираат за година и пол или две, а ние веќе го имаме во арсеналот. Тоа е високотехнолошко современо оружје и во таа смисла чувствуваме дека сме потполно безбедни“, рече рускиот претседател.
Претходно Путин соопшти дека руската армија во текот на наредните месеци ќе го добие системот „Авангард“.
Претседателот на Русија за новите видови хиперсонично оружје зборуваше во своето обраќање до Федералното собрание во март оваа година.
Тогаш рускиот лидер ѝ ги презентираше на јавноста системите „Кинжал“, „Авангард“, „Буревесник“, борбениот ласер „Пересвет“ и подморницата без екипаж на нуклеарен погон.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче