Владимир Путин: Му предлагав на Трамп да набави од нас хиперсонично оружје

Flickr.com/Jedimentat44

Говорејќи на пленарната сесија на 5-от Источен економски форум што се одржува во Владивосток, претседателот на Руската Федерација изјави дека му предлагал на Вашингтон да купи хиперсонично оружје во Русија, пренесува РИА „Новости“.

Руската воена индустрија во последно време оствари исклучителен продор во развојот на ракетната технологија, која може да постигне хиперсонични параметри на брзина. Покрај тоа, овие летачки објекти, кои ќе остваруваат брзини и до 27 маха, ќе можат да маневрираат во нивната траекторија, што ќе го направи нивното пресретнување практично невозможна мисија.

Тука пред сѐ се мисли на ракетниот комплекс „Кинжал“ од класата  „воздух-земја / „воздух-вода “, перспективниот ракетен комплес „Циркон“ кој пред сѐ ќе се базира на бродови и подморници и ракетниот комплекс за стратешка намена „Авангард“ кој ќе биде интегриран на интерконтиненталните балистички ракети.

Во овој момент, но и во натамошна перспектива, не постои адекватно средство кое може да се спротивстави на овие ракети.

Инаку, јубилејниот Петти Источен економски форум се одржува во Владивосток од 4 до 6 септември. МИА „Русија севодња“ е генерален медиумски партнер на Форумот. Тој ги собра лидерите на Јапонија, Индија, Монголија и Малезија, како и уште неколку илјади учесници и гости од повеќе од 60 земји.

Примарната цел на овој многу важен форум се разговорите за стратегиите за развој на политичките, економските и културните врски на Русија со земјите од Азиско-Тихоокеанскиот регион.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња