Објавена првата видеоснимка на руски борбени авиони вооружени со хиперзвучни ракети „Кинжал“

Министерството за одбрана на Русија објави видеоснимка од првите пробни лансирања на хиперсоничната ракета од класата „воздух-вода“ „Кинжал“ и не само од ловци МиГ-31, туку и од бомбардери Ту-22М3.

На „Фејсбук“ профилот на МО на РФ може да се види како МиГ-31 полетува од аеродромот и лансира ракета. Ловецот е следен од бомбардер Ту-22М3 кој, исто така, првпат е вооружен со ракета „Кинжал“.

Извор во рускиот одбранбено-индустриски сектор претходно соопшти дека е одлучено системот „Кинжал“ да се постави на Ту-22М3 кој ќе може да носи четири такви ракети.

За постоењето на „Кинжал“ првпат соопшти претседателот на Русија Владимир Путин во март, во текот на годишното обраќање до Федералното собрание на РФ.

На 19 јули заменик-командантот на Воздушно-космичките сили на Русија генерал-потполковник Сергеј Дронов соопшти дека на почетокот на овој месец авиони МиГ и Ту-22М3 вооружени со ракети „Кинжал“ извеле заеднички вежби.

Прочитајте повеќе: Американски експерти: Русите ќе нѐ „потрупаат“ со тактички нуклеарни бомби од кои нема одбрана

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња