Кога Индија ќе ги добие руските ПВО-системи С-400?

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND
Индија ќе ги добие руските противвоздухопловни системи С-400 за 18-19 месеци, според планот, изјави потпретседателот на владата на Русија Јури Борисов.

„Авансот е уплатен и според планот сѐ ќе биде испорачано, мислам, за околу 18-19 месеци”, рече Борисов, пренесува РИА „Новости”.

Прашањето за испораката на С-400 беше една од темите на состанокот на претседателот на Русија Владимир Путин и премиерот на Индија Нарендра Моди во Владивосток.

Федералната служба за военотехничка соработка исто така соопшти дека Русија од Индија примила аванс за испорака на С-400.

Прочитајте повеќе: Индија „го одврза кесето“ за руско оружје