Русите победија на тендер во Индија: Армијата на оваа земја купува преку 5000 парчиња ЛПРС „Игла-С“

Слободан Ѓукиќ
Договорот тежи 1,5 милијарди американски долари. Индиската армија, која е еден од најдобрите партнери на руската воена индустрија, согласно досегашното искуство, се реши за рускиот лесен преносен систем со мал дострел 9К338 „Игла-С“, без оглед на исклучителната конкуренција.

Првиот човек на Федералната служба за меѓународна воено-техничка соработка (скр. ФСТВС) Дмитриј Шугаев ја потврди информацијата дека Русија победила на тендерот кој го распиша Индија за набавка на лесни преносни ПВО ракетни системи со краток дострел кои се лансираат од рамо. Имено, во остра конкуренција индиската армија го одбра ракетниот систем „Игла-С“, пренесува интернет-порталот ТАСС.

„Нашата понуда ја однесе победата на овој тендер, во една навистина  жестока конкуренција“, истакна Шугаев, напомнувајќи дека Индија е еден од најдобрите партнери на Руската Федерација кога е во прашање набавка на вооружување и воена техника.

Шугаев напомна дека е потпишан и договор за набавка на ракетна фрегата од класата 11356, а исто така и документи поврзани со ремонт на подморници – неодамна индиската корпорација Bharat Dynamics објави информација дека индиското Министерство за одбрана нарачало дополнително производство на ракети за рускиот противоклопен ракетен систем „Конкурс-М“,  кој се реализира во соработка со нашата држава“, рече првиот човек на ФСТВС. Тој исто така изрази надеж дека наскоро во полн обем ќе започне работата над заедничко производство на лесни повеќенаменски хеликоптери Ка-226.

Неодамна се појавија информации дека договорот за испорака на ЛПРС „Игла-С“ е тежок 1,5 милијарди американски долари. Оваа набавка од страна на Индија не потпаѓа под санкциите кои САД им ги воведоа на земјите кои набавуваат високософистицирано вооружување од Руската Федерација.

Во рамките на програмата VSHORAD (системи за ПВО со краток дострел) Индија има намера да ги замени застарените лесни преносни ракетни системи од советско/руско производство „Игла-М“ со новите системи „Игла-С“ кои дејствуваат на принципот „истрелај-заборави“. Индија планира да набави дури 5175 ракети и лансирни единици на системот „Игла-С“. Сите овие системи ќе бидат директно набавени од Русија, додека 600 ракети ќе бидат произведени во индиската државна корпорација Bharat Dynamics Ltd.

9К338 „Игла-С“ претставува длабоко модернизирана верзија на овој комплекс со значително зголемени технички и тактички борбени потенцијали од своите претходници. Во вооружувањето на руската армија влезе во 2002 година. Ракетата е способна да пресретнува објекти кои летаат со суперсонични брзини, а зголемен е и нејзиниот дострел во далечина кој изнесува 6000 метри. Посебно е ефикасна против беспилотни летала и крстосувачки ракети. Ефикасноста на нејзината распрскувачко-разорна боева глава е исклучителна и обезбедува практично 100% уништување на воздушни цели како што се борбени авиони, хеликоптери, крстосувачки ракети и беспилотни летала.

Прочитајте повеќе: Потврден договорот: Индија наредната година почнува сериско производство на пушките АК-103

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња