Какви бродови за милијарда долари Русија ќе ѝ предаде на Индија

Виталиј В. Кузмин
За три години првите фрегати од проектот 11356 опремени со крстосувачки ракети „Калибр“ ќе почнат да ги чуваат поморските граници на Индија.

Кон крајот на ноември Русија и Индија склучија договор во вредност од 950 милијарди американски долари за испорака на руски фрегати од проектот 11356. Така Индија ќе стане првата земја во светот која покрај Русија ќе добие бродови вооружени со моќни крстосувачки ракети „Калибр“.

Проект 11356

Ова е се бродови од новата генерација кои како главни карактеристики имаат ниска видливост на непријателските радари и на акустичните извидувачки системи. Можат да се користат на отворени мориња, далеку од своите брегови, и да итаат низ бранови со брзина од 30 јазли (околу 50 километри на час преведени во копнени мерни единици), што е прилично добро за морски ѕвер со депласман од 4.000 тони, со должина од 125 метри и ширина од 15.2 метри.

Бродот може вкупно да мине 5.000 наутички милји одеднаш пред да стане неопходно дополнување гориво на некое пристаниште.

На пловилото е монтиран најновиот радарски комплекс од домашно производство „Фрегат-М2ЕМ“ од кој ниту противнички брод не може да избега. Притоа, тој има неколку станици за контрола на огнот, од каде се управува со сите артилериски системи и со системите за ПВО. Меѓу нив е и артилериската инсталација А-190 која користи муниција со калибар од 100 милиметри, која може да продупчи челичен труп на противнички брод. Тука се и неколкуте топови за ПВО од типот АК-630 со калибар од 30 милиметри. Конечно, за противподморничка борба тука се два чифта торпедски цевки со калибар од 533 милиметри, како и скриен фрлач на реактивни бомби од типот РБУ-6000.

На крмата од бродот има и хелиодром за воени транспортни хеликоптери од типот Ка-27 и Ка-31.

Сепак, „шлаг на тортата“ е лансирниот систем 3С14 кој ја исфрла главната офанзивна сила на современа Русија – крстосувачката ракета „Калибр“, која своето „огнено крштевање“ го имаше во борбите против сириските милитанти.

Ракетите „Калибр“

Овие крстосувачки ракети се основа на „ракетниот штит“ на Русија. Поставени се на сите најнови бродови и подморници на Руската Федерација.

Дострелот на дејството на овие ракети се движи од 300 до 2.600 километри (иако дострелнот на извозната верзија е преполовен). Притоа „Калибр“ не лета кон метата по должината на едноставна балистичка траекторија, ами преку релјеф, односно над покривите и над главите на луѓето. Поради тоа е речиси невозможно да се соборат со користење на современите антиракетни системи кои непријателот би можел да ги поседува.

Важен детаљ е и боевиот полнеж на оваа муниција. Технолошкиот развој во следната деценија ќе овозможи снабдување на секоја од овие ракети со боева глава со експлозивна моќ приближна на онаа што ја имаат нуклеарните оружја. Исто така ова ќе стане не само високопрецизно и маневарбилно оружје, ами и екстремно разорно, но без последователна радиоактивна контаминација на теренот. Поради тоа по уништувањето на целта, копнените сили ќе можат слободно да минуваат низ реонот на дејствието.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња