Индија го авансира договорот:„Алмаз-Антеј“ го почна производството на ПВО-системите С-400 „Триумф“

Григориј Сисоев/Sputnik
Русија ги доби првите авансни уплати од Индија, со што започна процесот на производство на пет полковски комплети на ПВО-ракетниот систем со голем дострел С-400 „Триумф“ за потребите на индиската армија.

„Нашите производители на воена техника, конкретно мислам на концернот ВКО „Алмаз-Антеј“ почна со реализација на работата која ќе биде завршена во договорените рокови“, изјави за интернет-порталот „РГ“ рускиот министер за индустрија и трговија Денис Мантуров. Тој напомна дека потпишаниот договор е многу важен за двете страни во кој се потврдува стратешкото ниво на соработка меѓу Русија и Индија.

Неодамна првиот човек на „Рособоронекспорт“ истакна дека договорот за испорака на далекуметните руски системи за противвоздушна одбрана С-400 „Триумф“ стапил во сила, додека рускиот заменик-премиер Јуриј Борисов потврди дека Русија почнала да ги добива првите авансни уплати за почеток на неговото производство.

Купопродажниот договор беше потпишан во октомври 2018 година за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на оваа земја. Тој подразбира испорака на вкупно пет ракетни полкови на системот со голем дострел С-400 „Триумф“, кои стратешки ќе ги зајакнат борбените способности на индиската ПВО. Потпишаниот договор е тежок преку 5 милијарди американски долари.

Рускиот противвоздушен систем С-400 „Триумф“ е наменет за борба против сите современи и перспективни средства на воздушно-космичкото оружје. Неговиот максимален хоризонтален дострел е околу 400 км (ракетата 40Н6Е), додека по висина дејствува и до 35 км.

Прочитајте повеќе: Договорот за испорака на руските С-400 на Индија склучен во рубли

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња