Индија „го одврза кесето“ за руско оружје

Danish Ismail/Reuters
Индија нарача од Русија вооружување и воена техника во вредност од 14,5 милијарди долари, соопшти Дмитриј Шугаев, раководител на Федералната служба за военотехничка соработка.

„Изминатата година и денешниот ден изминаа во знак на појавата на огромното портфолио на нарачки во споредба со сите други години, кое вреди 14,5 милијарди долари. Тоа е многу значајна бројка и голем напредок“, ги пренесува РИА „Новости“зборовите на Шугаев.

Тој додаде дека Русија и Индија ги решиле сите прашања поврзани со плаќањето во рамките на военотехничката соработка.

„Тоа повеќе не е битен проблем во нашата военотехничка соработка“, соопшти тој.

Раководителот на Федералната служба за военотехничка соработка, исто така, рече дека локализацијата на производството на руските хеликоптери Ка-226 во Индија може да достигне околу 80%.

„Денес на агендата има два исклучително важни проекти. Тоа е локализацијата на производството на хеликоптерот Ка-226 и стартот на производството на автоматот „Калашников“ од стотата серија. Двата проекти се под внимателен надзор на раководството на Русија и, што е најважно, тие во целина се многу профитабилни за нашите две земји“, рече Шугаев.

„Се работи за локализација на производството на многу високо ниво. Конкретно, за хеликоптерите можеме да достигнеме ниво на локализација од околу 80%, а кога станува збор за автоматите „Калашников“, ќе бидеме близу цели 100%“, додаде тој.

Претходно Федералната служба за военотехничка соработка соопшти дека санкциите нема да ја спречат Русија да учествува на индиските тендери за купување оружје во Индија. Во јуни беа обелоденети роковите за испорака на системите С-400 на Индија. Федералната служба за военотехничка соработка соопшти на 28 август дека Русија добила аванс од Индија за договорот за испорака на системот С-400.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња