Руски крстосувач вооружен со ракети П-1000 „Вулкан“ влезе во Средоземното море

Ракетниот крстосувач „Москва“ е од иста класа како и „Маршал Устинов“

Ракетниот крстосувач „Москва“ е од иста класа како и „Маршал Устинов“

Sputnik
Одред бродови на Северната флота предводен од ракетниот крстосувач „Маршал Устинов“ (попознат како „убиец на носачи на авиони“) влезе во Средоземното Море. Ова го соопшти началникот на информативната служба на Северната флота Вадим Серга. Ракетите што се наоѓаат на овој брод можат да носат и нуклеарни боеви глави.

„Одред воени бродови со помошни пловила од составот на Северната флота, предводени од ракетниот крстосувач „Маршал Устинов“, помина низ Гибралтарскиот теснец и влезе во Средоземното Море“, рече рускиот офицер, пренесува интернет-порталот РИА „Новости“.

Според него, морнарите на Северна флота ќе реализираат низа активности на воен и дипломатски план со тоа што ќе посетат неколку држави кои излегуваат на Средоземното море, и ќе учествуваат во воени вежби заедно со руски бродови од другите флоти кои се наоѓаат во Медитеранот.

Серга напомена дека „Маршал Устинов“ ја напуштил главната база на Северната флота на 3 јули годинава, каде зеде учество во големата воено-поморска парада во Санкт Петербург. По парадата, бродот сврте на северозапад и се упати кон Балтичкото Море, каде се одржа големата поморска воена вежба „Океански штит-2019“. Оттогаш, па до денес, бродот помина растојание од седум илјади наутички милји.

Ударниот брод на руската Северна флота - ракетниот крстосувач „Маршал Устинов“ припаѓа на класата бродови 1164 „Атлант“. Поради своето многу моќно ракетно вооружување од класата „вода-вода“, овој крстосувач уште се нарекува и „убиец на носачи на авиони“.

Во неговото вооружување има 16 лансирни единици со ист број суперсонични ракети П-1000 „Вулкан“, со ефикасен дострел и до 1000 км. Се работи за вистински „монструм“ долг речиси 12 метри и тежок 8000 килограми. Нејзината брзина на крстарење на нивото на морето достигнува 2 маха, а целта ја уништува со пробојно-деструктивна боева глава наполнета со речиси половина тон високобризантен експлозив или нуклеарна боева глава со сила од 350 кт.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња