Рускиот спецназ ќе добие нов компактен пиштол за специјални операции

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во Русија се работи на конструирање нов компактен пиштол за употреба во специјалните единици. Ова на рускиот интернет-портал РИА „Новости“ го пренесе неименуван извор од воено-индустрискиот комплекс.

Се напоменува дека новото оружје ќе биде направено за муниција со калибар 9х18 милиметри. Другите карактеристики на ова оружје засега се чуваат во тајност.

„До крајот на годината очекуваме пиштолот да ги помине државните тестирања“, соопшти соговорникот на интернет-порталот РИА „Новости“ кој ја пренесе оваа вест.

Куршум со калибар 9х18 милиметри користат пиштолите и автоматите. Конструиран е во претпријатието НИИ-44 (во моментов ЦНИИточмаш) и е усвоен во вооружувањето во 1951 година заедно со службениот пиштол „Макаров“. Врз основа на овој куршум се направени неколку негови модификации.

Погледнете го видеото: Новиот армиски пиштол „Удав“ првпат демонстриран на пошироката јавност