ВИДЕО: Новиот армиски пиштол „Удав“ првпат демонстриран на пошироката јавност

Интернет портал „Бог-рата“
Новиот пиштол беше испробан од Александар Бојко, соработник на руската медиумска куќа „Комсомолска правда“. Иако првпат имаше прилика да го земе во своите раце ова оружје, неговите резултати беа повеќе од одлични. Од 18 поставени мети, рускиот новинар успеа да погоди 14.

Како што изјави главниот конструктор на пиштолот „Удав“, инженер Иван Козлов, специјалистите на Министерството за одбрана буквално барале оружје кое ќе „прави чуда“. И такво оружје и добија.

На исклучително ригорозните тестови „Удав“ демонстрираше висока класа кога се во прашање неговата сигурност, огнената моќ и прецизноста. Покрај овие карактеристики, тој има помала маса во однос на своите претходници. На „Удав“ можат да се постават и тактички ламби и дополнителни нишани. Една од најважните карактеристики на новиот пиштол која го разликува од останатата конкуренција е муницијата со калибар 9х21 мм. Имено, овој куршум на далечина од 50 метри може да пробие челична плоча со дебелина од 4 мм. Притоа е употребен и придушувач.

Треба да се нагласи дека на овој пиштол воопшто не му е потребно чистење и подмачкување. Неговиот творец Иван Козлов изјави дека во поглед на конструкцијата, новиот пиштол има и неколку напредни карактеристики кои и понатаму се чуваат во строга тајност.

Александар Бојко, новинарот кој го тестираше новото оружје, исто така ги искажа своите први импресии за пиштолот. Тој пред сѐ ја истакна малата тежина што ја има овој пиштол со капацитет од 18 куршуми. Поголемиот дел од пиштолот е направен од суперцврста пластика која му ја намалува вкупната маса. Од метал се направени само цевката, затворачот и рамката. Благодарение на оваа комбинација од материјали, масата на пиштолот „Удав“ изнесува 780 грама. На пример, неговиот претходних ПМ, кој имаше капацитет од осум куршуми, тежеше 730 грама, а ТТ 850 грама.

Новинарот забележа и дека силата на повлекувањето на чкрапалото е слична како кај пиштолот „Стечкин“, а дека повлекувањето е на рамниште со неговиот претходник ПМ „Макаров“. Меѓутоа, кога е во прашање гаѓање од пиштолот со придушувач, тука повлекувањето практично и не се чувствува.

Прочитајте повеќе за пиштолот кој пробива панцир од 100 метри: „Удав“ подготвен за сериско производство

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња