Пиштолот Калашников би можел да стане основно оружје на силите за безбедност

Сергеј Бобиљов/TASS
Новиот пиштол ПЛ-15К кој ја користи најпопуларната пиштолска муниција со калибар 9х19 Parabellum, во блиска иднина ќе го замени познатиот пиштол Макаров. Но, дали е навистина толку добар, колку што тврди производителот?

Најголемите производители на огнено оружје се борат за договорот за замена на најраспространетиот пиштол во Русија – Макаров. Кандидат број еден за овој потфат моментално е пиштолот ПЛ-15К на концернот Калашников. Но, зошто овој пиштол е толку добар?

„Ајфонот“ на Калашников

Изминативе неколку години концернот Калашников ги мина во сериозно усовршување на својот најнов пиштол ПЛ-15, така што овој октомври беше претставена неговата „компактна“ верзија.

Кога за првпат ќе го фатите во рака овој пиштол, се чувствувате како кога за првпат ќе го земете најновиот ајфон. Мекиот метал и рачката како излиени совршено се сместуваат во шаката.

Ергономски пријатните карактеристики на пиштолот ПЛ-15К по кои веднаш се разликува од застарениот Макаров, се мошне меката рачка за контрола на огонот совршено се вклопува под палецот на стрелецот. Копчето за исфрлање на рамката и кочницата се толку згодно поставени што никакво дополнително „мавтање“ со пиштолот во шаката не е потребно, ниту, пак, копчињата изискуваат сила на притисок од кој пукаат коските, како што е случајот со Макаров. Сè е мошне близу и меко.

Производителот исто така има направено мошне мек од на орозот кој е инаку достапен во две варијанти – со кус и со долг од.

Првиот е направен за специјалисти кои по цел ден тренираат со оружјето.

Втората варијанта, со долг од, е направена за слабообучените стрелци и овозможува појасно дејство врз целта. Истовремено, долгиот од е направен како превентива при размена на оган во стресна ситуација, така што при адреналин и тензија на мускулите да не дојде до случајно испукување или погодување во сопствената нога или во ногата на минувач.

Луѓето што пукаат редовно знаат дека шаката и прстите секогаш несвесно го притискаат орозот и го занесуваат пиштолот во висина и во страна од метата. Затоа производителот го зел предвид овој важен проблем кога работел на замената на Макаров, затоа и тресењето на новиот ПЛ-15 е максимално намалено.

Пиштолот е дизајниран според класичниот принцип на асиметрично забравување на цевката. Оваа шема ја користат најголем број производители на кусо огнено оружје во светот. Стандардната цевка на ПЛ-15 е 120 милиметри, додека целосната должина изнесува 207 милиметри. Се очекува продолжена цевка со придушувач. Покрај тоа, како и кај кое било друго оружје на 21 век, на пиштолот ПЛ-15 можат да се додадат колиматорски нишан, тактичка ламба и ласерски обележувач.

Единствената можна мана на новиот пиштол е во тоа што сè уште не е познато колку куршуми може да испука пред да стане неупотреблив.

Главниот конкурент

Главниот конкурент на пиштолот ПЛ-15, како и на секој пиштол со претензија за светска слава, е компанијата Глок.

Секој сериски произведен „Австриец“ може да испука 40-50 илјади куршуми пред сопственикот да мора да ги замени деловите или, во определени случаи, да се помисли да купи нов пиштол.

Производителите на ПЛ-15 наведуваат дека нивниот пиштол „нема помал рок на траење“ од Глок. Но, практични потврди за ова сè уште нема, а освен Макаров, стандардните пиштоли произведени во Русија не траат подолго од 10.000 испукувања. Според тоа, веродостојноста на овие зборови може да се потврди со масовно сериско производство и користење од страна на цивилите и војниците ширум светот. Единствено така можат да се откријат скриените мани кои поединечните тестирања во салоните за оружје или на воените полигони не ги покажуваат.

Резимирајќи го сето наведено, новиот ПЛ-15К е долгоочекувана и витално важна замена за огненото оружје од претходниот век. Пиштолот има блескава перспектива и ги има сите шанси да стане светска ѕвезда на Калашников, како и прочуената пушка АК-47. Останува уште само да се потврдат зборовите во практика и да не се изгуби на квалитет за време на масовното производство.

Прочитајте уште: Замена на легендарниот „Макаров“: Министерството за одбрана на РФ тестира нов пиштол

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња