Во Русија стартуваше сериското производство на ловци Су-57

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Авионот-ловец од петтата генерација Су-57 е пуштен во сериско производство. Како што соопштува агенцијата РИА „Новости“, за тоа се зборува во брошурата посветена на 80-годишнината на опитно-конструкторското биро „Сухој“ (дел од Обединетата корпорација за производство на авиони). Се истакнува дека со Министерството за одбрана на РФ веќе е потпишан долгорочен договор за испорака на преку 70 вакви авиони.

„Мултифункционалниот авијациски систем од петта генерација со високософистицирана опрема, слаба видливост и голем радиус на уништување на копнени цели и пресретнување и уништување на воздухопловни цели е пуштен во 2019 година во сериско производство“, се наведува во документот.

Кон средината на јуни генералниот директор на руската корпорација за производство на авиони МиГ Иљја Тарасенко соопшти дека Воздушно-космичките сили на Русија ги добиле првите два ловци МиГ-35. Според неговите зборови, уште четири авиони-ловци ќе бидат испорачани до крајот на годината. 

Прочитајте повеќе: Склопување на првиот сериски авион Су-57 (ВИДЕО)