Мистериозен „ослепувач“:Су-57 ќе биде недостижна цел за постојните ракети од класата „воздух-воздух“

Слободан Ѓукиќ
Руските конструктори при развојот на новиот ловец од петта генерација Су-57 остварија технолошки пробив во неколку важни области: развиен е нов систем за управување со векторот на потисок, нов систем за употреба на хиперсонично оружје, нови типови радари кои ќе го скенираат просторот бочно и зад леталото. Меѓутоа, сето ова може да го засени новата технологија која ќе овозможи одбрана на авионот од противничките ракети кои се опремени со инфрацрвени самонаведувани боеви глави.

Како и кај другите авиони од петтата генерација, како што тоа е, на пример, американскиот F-22 Raptor, и на рускиот Су-57 се наоѓаат сензори кои го предупредуваат пилотот дека има на радарот и дека кон него лета непријателска ракета. Меѓутоа, за разлика од „Американецот“, рускиот авион доби и турела која му овозможува со помош на силен ласер да ја „ослепи“ противничката ракета. Овој систем е употреблив како во интензивна воздушна битка, така и при пробив на непријателската противвоздушна одбрана, се наведува на американскиот интернет-сајт Military Watch Magazine.

Турелата на овој систем која е ефикасна против ракетите со инфрацрвена глава за самонаведување, се наоѓа на врвот на корпусот на леталото, пред пилотската кабина, како и од нејзината долна страна. Неодамна сличен систем беше поставен, но на значително поголеми летала, како што е тоа случајот со американскиот воено-транспортен авион C-17. Руската минијатуризација на компонентите на овој систем и нејзината примена на авиони-ловци претставува исклучителен технолошки прогрес. Овие одбранбени комплекси се многу ефикасни против ракетите со инфрацрвени глави за самонаведување, како што се американските ракети од класата „воздух-воздух“ AIM-9, но и ракетите кои се лансираат од лесни преносни лансери Стрела-2М и други.

Су-57 е авион наменет за остварување воздушна надмоќ над непријателот и тешко дека ќе има борбен допир со ПВО-системите со краток дострел кои се лансираат од рамо, пренесува рускиот интернет-портал РГ. Затоа е логично да се заклучи дека овие системи покрај ракетите „земја-воздух“ се уште поефикасни во сударот со ракети „воздух-воздух“ кои се употребуваат во близок воздушен контакт.

Високите маневарски способности, натпросечната „стелтност“, како и навистина респектабилните можности кога е во прашање водењето противелектронска борба, му овозможуваат на Су-57 ефикасно да се спротивстави и да избегне напад инициран со ракети со среден и голем дострел. Способност за „ослепување“ на непријателските ракети од класата „воздух-водух“ со инфрацрвени самонаведувани боеви глави ќе ја прошири неговата способност да им се спротивстави и на ракетите со мал дострел кои се користат во блиска воздушна борба. Во близок судир е мошне посложено да се применат ракети со радарски самонаведувана боева глава. Значи, новиот руски ловец од петта генерација може да стане недофатлив за новата генерација американски ракети AIM-9X, британските AIM-132, израелските Python-5 и советско-руските Р-73, кои ги користат извесен број земји од Источна Европа.

Способноста за избегнување ракети од класата „воздух-воздух“, опремени со инфрацрвени самонаведувани боеви глави, ќе му даде на рускиот авион сериозна предност, која останатите авиони засега ја немаат.

Прочитајте повеќе: На Кина не ѝ треба рускиот Су-57

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња