Владимир Путин во посета на Центарот за тестирање летови „Чкалов“, Ахтубинск, Астрахањска област
Kremlin Pool/Global Look Press„Дали е добра машината? Ви се допаѓа ли?“, ги праша Путин пилотите. „Во тек е тестирањето, уште не е сѐ проверено и оценето“, дипломатски одговорија тие.
Тогаш претседателот ги замоли да им „кажат на производителите“ што треба да се поправи во авионот.
„Таа (борбената машина) мора да биде најдобра“, им рече Путин.
„Затоа и сме тука“, му одговорија пилотите.
Путин и летчики-испытатели Су-57: «Нужно, чтобы это была самая лучшая в мире машина - Для этого мы здесь и находимся» pic.twitter.com/VJ5THGOK2t
— Дмитрий Смирнов (@dimsmirnov175) 14 May 2019
Видеоснимката од нивната средба ја објави новинарот на кремљовскиот пул Дмитриј Смирнов на својата страница на „Телеграм“.
Путин пристигна во Ахтубинск во вторникот. Авионот на шефот на руската држава го придружуваа шест ловци Су-57.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче