Откриени карактеристиките на најновиот руски екраноплан „Чајка“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Георгиј Анцев, претседател на советот на директори на Централното конструкторско биро за проектирање бродови со подводни крила „Алексеев“, изјави дека екранопланот „Чајка“, кој е направен во Русија, може да стане универзален транспортен систем за водни површини и брегови со мал наклон.

„Тој може да има добри пловни карактеристики и да излегува на брег со максимален наклон од 5%, а може и да лета како авион и да користи аеродроми затоа што постои можност да се додадат тркала“, ги пренесува зборовите на Анцев РИА „Новости“.

Анцев истакна дека „Чајка“ е тешка 54 тони, од тоа 15 тони е корисен товар. Екранопланот може да прелета 3000 километри.

Тој додаде дека екранопланот ќе почне да се прави дури по одлуката со која ќе биде решено прашањето за финансирање. Според мислењето на творците на овој проект, „Чајка“ може да се користи и за индустријализацијата на Арктикот, бидејќи екранопланот не зависи од временските прилики во толкава мера како хеликоптерот. Покрај патролирање на морските брегови, „Чајка“ е погодна за спасувачки операции и превоз на стручњаци на наоѓалишта во водите на супконтиненталниот појас.

„Во товарното одделение на екранопланот може да стои спасувачки чамец, со кој можат да се вршат операции за спасување, како и контрола и поправка на дефекти. По завршената задача чамецот може повторно да се натовари во екранопланот. Тое е неочекувана можност отворена платформа за утоварување да се наоѓа толку далеку на водна површина“, рече Анцев.

Според зборовите на конструкторот, „Чајка“ има горни и долни крила кои се споени во вид на затворена елипса, што ѝ овозможува со помош на горните крила да излезе од режим на лебдење (во кој леталото се движи ниско над водата и ja oдржува висината со потисок на воздухот под крилата).

Министерот за индустрија и трговија на РФ Денис Мантуров во септември 2018 година соопшти дека во Русија се работи на конструирање екраноплан со ракетно вооружување.

Прочитајте повеќе за враќањето на „Каспиското чудовиште”: Советскиот екраноплан повторно актуелен