„Касписко чудовиште“, советски екраноплан
Алексеј Жигајлов/TASS„Во Државната програма за вооружување за 2018-2027 се предвидени експериментално-конструкторски работи на „Орлан“, што значи изградба на пробен модел“, изјави Борисов.
Тој истакна дека екранопланите ќе добијат ракетно вооружување и дека ќе бидат користени за патролирање по морските реони.
„Тој ќе има ракетно наоружање. Главното поле на дејствување за него ќе биде Северниот морски пат. Таму каде што немаме развиена инфраструктура, тој ќе може да патролира и да ги покрива тие реони”, рече Борисов.
Според него, екранопланите ќе можат да се применуваат и, на пример, на Каспиското езеро и Црното море.
Во октомври 2017 година беше објавено дека за руската војска се проектира супертежок транспортно-десантен екраноплан, кој може да слетува не само на вода, како неговите претходници, туку и на копно.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче