Mesbah-1 е ирански противвоздушен систем направен за борба против крстосувачки ракети. Основното вооружување го сочинуваат четири двоцевни советски топови ЗУ-23-2 кои се наоѓаат на ротирачки носач. Развиен е од иранските инженери во 2010 година. Во изворната верзија се наоѓаше на влечна приколка, додека неговата модификација е мобилна, т.е. поставена на транспортен камион, пренесува интернет-порталот Marsonline.
Секој од овие топови користи свои магацини со гранати. Брзината на стрелба на еден топ ЗУ-23-2 изнесува 2000 гранати во минута. Тоа практично значи дека во теоретски услови Mesbah-1 може да истрела речиси 8000 граната во минута. Меѓутоа, неофицијално, иранските конструктори ја ограничиле неговата брзина на стрелба на 4000 гранати во минута заради рационална потрошувачка на муницијата, но и за стабилност на платформата на која се наоѓа.
Системот е опремен со радар и оптоелектронска единица која по детектирањето автоматски ја следи својата цел. Овој радар е опишан како тродимензионална рамна антена со одлични карактеристики кога е во прашање прецизноста во одредувањето на позицијата на зафатената цел и нејзино следење.
Ефективниот дострел на овој систем е до 2500 метри, а максималниот до 4000 метри. Брзината на стрелба изнесува 4000 (8000) гранати во минута.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче