„Повеќе од 100 цели на условниот непријател уништија единиците за ПВО опремени со хибридните ракетно-топовски системи со мал дострел 96К6 „Панцир-С1“ кои се наоѓаат во состав на Јужниот воен округ на полуостровот Крим. Оваа активност е реализирана во рамките на еднодневната воена вежба во која главната цел беше борба со непријателски крстосувачки ракети и беспилотни летала ", се наведува во соопштението што го пренесува рускиот интернет-портал ТАСС.
Понатаму, во соопштението се наведува дека ракетните екипажи на ПВО имале задача да детектираат, следат и уништат малогабаритни воздушни цели кои се движеле многу ниско, со супсонична крстосувачка брзина, пренесува порталот marsonline,
96К6 „Панцир С1” е противвоздухопловен хибриден ракетно-топовски систем со мал дострел, наменет за заштита на цивилни и воени објекти од напад со сите модерни и перспектива средства за воздушен напад, во сите временски услови, без оглед на периодот на денот (ден/ноќ), при масовна употреба на противнички системи за противелектронска борба. Со ракетите може да гаѓа цели на далечина од 20 км/висина 15 км, додека со топовите покрива далечина до 5000 метри. Топовите дејствуваат со брзина од околу 4800 гранати во минута. Благодарение на својата универзалност, системот може да се користи и против копнени и надводни цели.
Еднодневните боева гаѓања кои имаат за цел обука на ПВО-екипажите за борба против крстосувачки ракети и беспилотни летала, се изведуваат на повеќе од 30 воени полигони на територијата на Јужниот воен округ. Вкупно се ангажирани 1500 војници и офицери со околу 50 единици борбена техника која се состои од ПВО-системи, борбени бродови и авиони.