Дивизион системи „Панцир-С1” ќе ја зајакне одбраната на Крим

Сергеј Бобилев/TASS

Противвоздушната одбрана на Крим оваа година ќе ја зајакне дивизион хибридни топовско-ракетни системи „Панцир-С1”. Тоа денес го соопшти командантот на 4 армија на руското воено воздухопловство и противвоздушната одбрана на Јужниот воен округ Виктор Севостјанов.

„Противвоздушните ракетни полкови на армијата на руското воено воздухопловство и противвоздушната одбрана стационирани на Крим го добија противвоздушниот ракетен систем С-400 „Тријумф“. Се очекува и испорака на дивизион системи „Панцир-С1“ кој ќе влезе во состав на единиците за ПВО“, изјави Севостјанов.

Командантот истакна дека системите С-400 успешно го вршат борбеното дежурство на Крим, обезбедувајќи заштита за бродовите кои испловуваат на море.

Противвоздушниот хибриден топовско-ракетен систем „Панцир С1” е наменет за заштита на цивилни и воени објекти од напади од воздух. Со ракети може да гаѓа цели на висина до 15 километри, дострелот на артилерискиот оган му е 4 километри, а брзината на гаѓање до 4800 гранати во минута. Ефикасно се справува со сите типови средства за воздушен напад.

Погледнете го видеото: Противвоздушниот систем „Панцир-С1” на гаѓања покажа снајперска прецизност

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња