Руските научници го подигаат 96К6 „Панцир-С1“ на уште повисоко ниво

Слободан Ѓукиќ
Квалитетот на модификацијата ќе биде таков што ќе опфати голем опсег на потенцијални воздушни мети. Особено ќе се работи на подобрување на радарско-набљудувачкиот блок опрема која ќе биде исклучително чувствителна на минијатурни цели како што се беспилотните летала.

Серускиот научно-истражувачки институт за радарска техника (ВНИИРТ) започна проект за модернизација на радарскиот комплекс кој се наоѓа во состав на хибридниот ракетно-топовски систем „Панцир-С1“. Основната задача на овој проект за модернизација е зголемување на способностите за откривање и зафаќање на типичните и атипичните модели на беспилотни авиони кои се наоѓаат во вооружувањето на современите армии.

„Сакаме да нагласиме дека радарско-набљудувачката станица која се наоѓа во состав на комплексот 96К6 „Панцир-С1“ може да се користи во различни средини, од пустина па сѐ до терени кои се наоѓаат до брегот на морето. Ова е една од карактеристиките на овој систем“, нагласи началникот на војската која управува со радарската компонента на ВКС во Сирија, генерал Андреј Кобан.

Неодамна руската државна корпорација „Ростех“ најави модернизација на овој комплекс, особено кога е во прашање проширувањето на листата која ги содржи типовите и видовите на воздушните цели со кои овој комплекс успешно ќе се бори. Еден од директорите во оваа корпорација Сергеј Абрамов изјави дека ќе бидат релаизирани сериозни технички подобрувања кои ќе му овозможат на „Панцир“ многу ефикасно да се бори против минијатурни маневрирачки цели, какви што всушност се беспилотните летала.

96К6 „Панцир С1” е противвоздухопловен хибриден ракетно-топовски систем со краток дострел, наменет за заштита на цивилни и воени објекти од напад со сите современи и перспективни средства за воздушен напад, во сите временски услови, без оглед на времето од денот (ден/ноќ), при масовна употреба на противнички системи за противелектронска борба. Со ракетите може да гаѓа цели на далечина од 20 км/висина 15 км, додека со топовите покрива растојание до 5000 метри. Топови дејствуваат со брзина од околу 4800 гранати во минута. Благодарение на својата универзалност, системот може да се користи против копнени и надводни цели.

Погледнете кои системи руските „ракеташи“ ги добиваат наредната година

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња