Успешно тестиран новиот „Панцир-СМ“: Ефикасно соборува воздушни цели на далечини и до 40 км

Олга Соколова/Russian Look/Global Look Press
Воздушно-космичките сили (ВКС) успешно го тестираа најновиот хибриден ракетно-топовски ПВО-систем „Панцир-СМ“. Ова во саботата, 6 април, го изјави командантот на единиците за ПВО-ПРО и заменик-главен командант на ВКС генерал-потполковник Јуриј Грехов.

„Системот покажа висока ефикасност против минијатурни воздушни цели како што се, на пример, квадкоптерите“, рече Грехов при гостувањето на радио-каналот „Ехото на Москва“ (Эхо Москвы).

Како што пренесува интернет-порталот „Бог-рата“, „Панцир-СМ“ претставува капитална модернизација на рускиот противвоздушен хибриден ракетно-топовски систем со мал дострел „Панцир-С1“. Верзијата која ќе ја носи ознаката „СМ“ ќе користи нова ракета со зголемен дострел, како и нов радар со активна фазна решетка. Благодарение на овие унапредувања „Панцир-СМ“ ќе може да соборува воздушни цели на далечина и до 40 км, што двојно ги надминува борбените можности на неговата основна верзија. Исто така, со интеграција на новиот радар¹ значително ќе биде зголемена зоната на детекција за откривање на воздушни цели, која ќе изнесува над 75 км. Претпоставката е дека оваа верзија на системот ќе биде специјализирана за борба против различни типови беспилотни летала, вклучувајќи ги и оние кои имаат исклучително мали димензии.

Како што уште во 2016 година соопшти началникот на ПВО во рамките на Копнената војска генерал Алексеј Леонов, новиот „Панцир” ќе биде меѓувидовски систем кој еднакво ќе го користат копнените единици, единиците на крајбрежната одбрана и ВДВ.

¹ Серускиот научно-истражувачки институт за радарска техника (ВНИИРТ) го започна проектот за модернизација на радарскиот комплекс што се наоѓа во состав на хибридниотг ракетно-топовски систем „Панцир-С1“. Основната задача на овој проект за модернизација е зголемување на способностите за откривање и зафаќање на типични и атипични модели на беспилотни летала кои се наоѓаат во вооружувањето на современите армии.

Погледнете го видеото: Противвоздушниот систем „Панцир-С1” на гаѓања покажа снајперска прецизност

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња