Ирак купува С-400

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Властите на Ирак донесоа одлука да набават ракетни противвоздушни системи С-400, но сѐ уште не е одреден точниот датум на потпишување на договорот, соопшти ирачкиот амбасадор во Москва Хајдар Мансур Хади.

„Што се однесува до С-400, немаме разработен план кој би ги пропишувал роковите, но се движиме во тој правец. Ирачката влада донесе одлука и сака да ги купи тие ракети“, изјави амбасадорот, пренесува РИА „Новости“.

Одговарајќи на прашањето за евентуални пречки од страна на САД во поглед на склучувањето на овој договор, дипломатот рече дека во тој случај „постојат соодветни дипломатски канали“.

Вашингтон прави обиди за да ја осуети намерата на Турција да купи С-400. Меѓутоа, Анкара во повеќе наврати потврди дека нема да се откаже од набавката на руските ракетни системи.

Кон крајот на мај околу 100 турски војници ќе пристигнат во Русија на обука за ракување со противвоздушните ракетни системи. Испораката на русите С-400 на Турција може да почне до јули 2019 година.

Прочитајте повеќе: Русија наесен ѝ го испорачува системот С-400 на Турција