И Катар сака ракетни системи С-400 „Триумф“

Слободан Ѓукиќ
Катар ја разгледува можноста за купување на системот за противвоздушна одбрана со голем дострел С-400 „Триумф“, изјави катарскиот министер за надворешни работи Мухамед бен Абдерахман ал-Тани.

Во овој момент техничка комисија на арапската држава ги проучува тактичко-техничките можности на системот С-400 и нивото на способност кое еден ваков стратешки систем може да ѝ го донесе на катарската армија, пренесува рускиот интернет-портал „Взгљад“.

Засега нема конкретни резултати кои би ги потврдиле овие написи, поточно дали е постигнат некаков договор со руската страна. Одговарајќи на прашањето за можна агресија на Саудиска Арабија во случај Катар да купи руски системи за противракетна одбрана С-400, ал-Тани напомна дека договорите за купување оружје се суверен избор на секоја држава во кои никој нема право да се меша. 

Меѓутоа, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва е подготвена да ја разгледа понудата на Доха за продажба на руско вооружување со висок квалитет дури кога ќе се конкретизира целата приказна. „Кога ќе добиеме јасни барања од нашите катарски партнери што сакаат од вооружувањето кое го произведува рускиот воено-индустриски комплекс, ние сме подготвени да ги разгледаме“, беше дециден рускиот министер.

Во февруари оваа година протече информација дека Катар и Русија почнале преговори околу набавка на комплексот С-400 „Триумф“ за потребите на катарската армија. Треба да се нагласи дека Турција како членка на НАТО-пактот исто така потпиша договор за набавка на овие системи, а првиот контингент ќе ѝ биде испорачан на Анкара во јули 2019 година.

Рускиот противвоздушен С-400 „Триумф“ е наменет за борба против сите современи и перспективни средства на воздушно-космичкото оружје. Неговиот максимален хоризонтален дострел е околу 400 км (ракета 40Н6Е), додека во висина дејствува и до 35 км.

Прочитајте повеќе: Сè што е потребно да знаете за системот С-400 „Триумф“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња