Русија наесен ѝ го испорачува системот С-400 на Турција

Виталиј В. Кузмин

Русија ќе го достави системот за ракетна противвоздушна одбрана С-400 на Турција до наесен, изјави началникот на Федералната служба за воено-техничка соработка Дмитриј Шугаев во интервјуто за весникот „Комерсант“.

Договорот исто така обезбедува и основа за технолошка соработка.

„Подготвени сме да го локализираме производството на одделни компоненти на овој систем. Меѓутоа, притоа нема да има опасност од трансфер или копирање на сензитивните технологии“, рече тој.

Според него, покрај Турција, Кина и Индија, уште десетина земји сметаат на набавка на С-400.

„Пред сѐ, тоа се клиенти од Блискиот Исток, но нема понатаму да ги именувам затоа што се работи за мошне несигурни партнери“, додаде Шугаев.

Тој потенцира дека земјите кои веќе имаат други руски системи за ПВО и кои ќе ги дополнат со купување на С-400 ќе можат „мирно да спијат“ затоа што ќе имаат „комплетен и непробоен штит“.

Монтирање на С-400 во Турција

Во декември 2017 година Русија и Турција потпишаа договор за заем за испорака на противвоздушните системи. Според договорот, Анкара ќе добие четири дивизиони С-400 по цена од 2,5 милијарди долари.

Таквиот договор предизвика загриженост во САД, кои постојано ја критикуваа Анкара поради договорот со руската страна и ѝ се заканија со санкции.

Договорот за набавка на С-400 стана особена пречка за испораката на американски стелт повеќенаменски авиони од петтата генерација Ф-35 на Турција.

Прочитајте повеќе: С-400 ќе може да гаѓа цели на растојание до 400 километри

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња