„Дали е добра машината? Ви се допаѓа ли?“, ги праша Путин пилотите. „Во тек е тестирањето, уште не е сѐ проверено и оценето“, дипломатски одговорија тие.
Тогаш претседателот ги замоли да им „кажат на производителите“ што треба да се поправи во авионот.
„Таа (борбената машина) мора да биде најдобра“, им рече Путин.
„Затоа и сме тука“, му одговорија пилотите.
Видеоснимката од нивната средба ја објави новинарот на кремљовскиот пул Дмитриј Смирнов на својата страница на „Телеграм“.
Путин пристигна во Ахтубинск во вторникот. Авионот на шефот на руската држава го придружуваа шест ловци Су-57.