Кинески медиуми: Рускиот микробранов фотонски радар ќе донесе револуција во воената индустрија

Youtube
Кинескиот медиски портал Mil.news.sina е импресиониран од новиот руски повеќенаменски авион-ловец од петта генерација Су-57, кој е во состојба да ја претвори американската воена техника во „куп ѓубре“ благодарение на својот ултрасовремен микробранов фотонски радар.

„Основната карактеристика на овие радари се неговите исклучително мали димензии, вкупната со значително поголемиот радиус на ефективно дејство. Имено, радарите од овој тип се во состојба да ја прикажат силуетата на непријателскиот авион во далеку поголема резолуција (дури и до 10 пати повеќе) во однос на класичните радари“, се вели во материјалот што го пренесува српскиот интернет-портал mars.online.

Кинеските новинари го нарекуваат овој радар „зачетник на новата ера“ во развојот на воената техника. Тој е во целост отпорен на електронски пречки, што значи дека најсовремената воздухопловна техника која се наоѓа во ВВ на САД ќе стане „куп ѓубре“.

Неговата главна предност е можноста за монтажа на радар во вид на тенка плоча која може да се монтира на телото на авионот.

Во март оваа година американскиот интернет-портал „Национален Интерес“ го спореди рускиот авион Су-57 со американскиот пандан F-35. Експертите дојдоа до заклучок дека рускиот авион е подобар кога се во прашање „експлоатациските карактеристики“, максималната брзина, маневарбилноста и долетот.

Су-57 е руски повеќенаменски борбен авион од петтата генерација, развиен од воздухопловните инженери на ОКБ „Сухој“. Наменет е за извршување огромен спектар задачи кои можат да се постават пред една воздухопловна борбена платформа, како што е остварување апсолутна воздушна надмоќ над територијата на која се изведуваат активни борбени дејствија, уништување најразлични копнени цели и површински бродови засилени со современи противвоздухопловни борбени средства, операции за извидување и надзор на воздушниот простор на големи растојанија, уништување на командната инфраструктура на непријателот итн.

Годинава се очекува првите авиони од овој тип да влезат во оперативното вооружување на руската армија, односно на нејзините Воздушно-космички сили.

Прочитајте повеќе: Турските медиуми ги истакнуваат предностите на Су-57 во однос на F-35

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња