Руски автомеханичари претворија „Бентли“ во тенк (Видео)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND

Автомеханичари од Санкт Петербург од спортски Bentley Continental GT направија вистински ѕвер на гасеници. 

По шест месеци работа од британскиот спортски автомобил останаа донекаде само каросеријата и салонот. Моторот од 600 коњски сили го заменија со поедноставен кој голта помалку гориво, а знакот „Волга“ на вратата на багажникот зборува за тоа дека се појавиле многу домашни детали.

„Ултратенкот“ од првиот обид совлада височинка од два метра, а целта на автомеханичарите е да му вградат на тенкот сопирачки за гасениците да не му спаѓаат на кривини, и да развие брзина од 100 км на час. Засега неговата максимална брзина е 50 км на час.

Погледнете ја снимката од тестирањето на ова возило: