Видео: Русин вгради млазен погон од авион МиГ-23 во БМВ „коцка“ и доби „пеколна ѕверка“

YouTube, скриншот
Автоентузијаст реши да се повози во својот автомобил на млазен погон и стана интернет-ѕвезда.

На YouTube е објавена снимка од тестирањето на автомобил со вграден турбо-стартер на млазен мотор од авион МиГ-23, пренесува ТВ „Ѕвезда“. 

Авторот на оваа снимка накратко нагласува дека моторот му го дале неговите пријатели, а самиот тој го довел во работна состојба, ги прицврстил сите потребни пумпи, го споил со менувачот преку направен адаптер.

„Голта гориво во вселенски количини“, додава Игор Негода.

Некои корисници на интернетот во меѓувреме го предложија Игор за нов раководител на „Роскосмос“, можеби малку на измама, затоа што „коцката“ не се вивна кон небото. Погледнете и самите:

Направи сам: 8 руски автомобили кои ќе ве зачудат

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња