Видео: Како руски вљубеници во автомобили од стар камион направија преубав хотрод „ЗИЛ 130“

Од легендарниот камион „ЗИЛ 130“ вештите раце на мајсторите од рускиот град Зеленоград направија опасен пикап.

Преправањето на автомобилот или кастомајзинг настанато на почетокот на 50-те години од минатиот век во Америка во последно време зеде голем замав во Русија. Вљубениците во автомобили од Зеленоград (37 км северозападно од центарот на Москва) набавија во 2010 година стар камион „ЗИЛ 130“ и почнаа да работат на негово преправање во сјаен хотрод автомобил, пишува сајтот speedme.ru.

Како база послужи шасија од камионет Ford E250 која одговараше на наведената цел и во склад со замислите на творецот на автомобилот доработена. Од овој модел е земена предната суспензија, вентилираните диск сопрачки на сите тркала, како и механизмот за управување. На шасијата е поставена кабина од „ЗИЛ 130“. Каросеријата и дното на кабината се направени од челик со дебелина од 1 мм. Задните крила се оригинални и изработени од челик со дебелина 0,7-1,2 мм. Како мотор првично е користен четирилитарски V6 од Ford 4.2 V6, менувачот е од истиот модел, Ford 4R70W.

Во понатамошниот развој на проектот моторот е заменет со посилниот VORTEC 8100 496 cid, а автоматскиот менувач со ALLISON 1000. Добиен е преубав уникатен „ЗИЛ 130“ со мотор со запремнина од 8,1 литри кој развива 341 КС.

Творците на ова ремек дело кои имаат уште неколку оригинални проекти освоија бројни признанија на престижни натпреварувања на хотрод возила.

Прочитајте повеќе: Русин од „Лада Нива“ направи „монструм” возило

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња