Во Русија направија „аналог“ за „Мерцедес Г класа 6х6“ – Нива на шест тркала. Резултатот е неверојатен! Потполно обична Нива е претворена во чудовиште на шест тркала. Новата „Нива 6х6“со пет врати и две задни осовини совршено се носи и со најтешките теренски пречки, наведува Јулиан Рабе од германскиот „АутоБилт“.
Рускиот „Јутјуб“ канал „Garage 54“ ја претстави модификацијата на потполно обична „Нива“ во чудовиште на шест тркала. Преубавите фотографии на други автомобили во формулата 6х6 го разбудија интересот кај група ентузијасти од Новосибирск кои решија да дадат свој одговор на култните „мултиосовинци“ како „Мерцедес G53 AMG 6x6“ (Мерцедес G63 AMG 6x6) и „Хенеси Велосирептор“ (Hennessey VelociRaptor).
Сега сопствениците на „Garage 54“ ги покажаа резултатите од својата работа на нивниот „Јутјуб“ канал: направија Нива 6х6 со пет врати и две задни осовини која без проблем може да излезе на крај и со најтешките теренски пречки.
Есента 2018, руски јутјубери изведоа навистина интересен експеримент: ја проверуваа состојбата на возилата кои ги закопаа и држеа по земја година дена. Влад и неговиот тим ископаа три стари автомобили – Ауди 100 (C3), петта генерација Тојота Корола и Лада 1200 – кои цела година беа под земја и се обидоа да ги „оживеат“. Што мислите, дали успеаја?
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче