Заборавениот ривал на „Калашников“: Како изгледа автоматската пушка на Коробов (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На интернет е објавена видеоснимка на која е прикажана конструкција на автоматската пушка ТКБ-454 на Герман Коробов. Своевремено тоа беше перспективно оружје, но поради сплет на околности стана само музејски експонат.

„Калашников.Медиа“ во својата нова историска рубрика ги запознава љубителите на оружје со уникатниот проект на советскиот конструктор Герман Коробов.

ТКБ-454 беше првата автоматска пушка на светот со гасна кочница на слободниот затворач која е направена за калибар 7,62х39.

Ја направи кон крајот на 1940-те Герман Александрович Коробов со намера да ја надмине автоматската пушка „Калашников“.

Тоа веќе беше втор таков обид. Првиот беше моделот ТКБ-408-2 „Бичок“, конструиран 1943 година. Уште тогаш авторот се истакна со својот иновативен пристап. Направи автоматска пушка според системот „булпап“ (рамката со муниција е сместена зад чкрапалото).

Меѓутоа, на конкурсот за статусот главно пешадиско оружје на советската армија мораше да се повлече пред автоматската пушка „Калашников“ според многу показатели. Потоа Герман Коробов се обиде да го усоврши својот изум.

Се потруди следниот модел ТКБ-454-43 биде посигурен и поевтин од „Калашников“. Ги подобри и борбените карактеристики на своето оружје така што трзајот му беше речиси двојно намален во однос на претходниот модел, а му беше зголемена и брзината на стрелбата.

Пушката имаше два режима на стрелба: автоматски и поединечен. Рамката примаше 30 куршуми.

Воените стручњаци беа многу благонаклони кон новиот модел, па дури и се согласија да извршат и вонредно тестирање на автоматот, но конструкторот ја „утна работата“. Имено, веќе во следната верзија ТКБ-454-5 имаше полуга на кочницата на затворачот.

Подоцна Герман Коробов направи уште неколку модели кои потенцијално можеа да му бидат конкуренција на „Калашников“. Тоа беа ТКБ-517, ТКБ-022, ТКБ-072 и ТКБ-0111. Секоја пушка беше исклучителна според одредени карактеристики, а некои модели според многу параметри беа подобри од „Калашников“. Меѓутоа, ниеден не беше воведен во експлоатација.

Прочитајте повеќе: Од Кина до Данска: Варијанти на „Калашников“ од цел свет (ФОТО)