Летот на станицата низ сончевиот диск трае 0,9 секунди. Поради тоа рускиот фотограф направи снимка со 128 кадри во секунда.
На фотографијата објавена на „Инстаграм“ се гледа и една сончева дамка. Полјаков објасни дека дамката на снимката е магнетен завршеток на површината на Сонцето кој исфрла наелектризирани честички во вселената.
„Во тој момент растојанието меѓу мене и МВС изнесуваше 900 километри. Не е ни најмалку лесно да се улови таква „мува“ во толку краток временски отсечок“, напиша фотографот.