Ѕирнете во објективот на руски космонаут и видете како изгледаат големите градови од вселената(ФОТО)

VAleriy Sharifulin/TASS/POOL/Sputnik, Oleg Kononenko/roscosmos.ru
Космонаутот Олег Кононенко како фотограф-аматер во слободните моменти на МВС ги снима светските мегалополиси од висина од 400 км.

1. Москва

Рускиот космонаут Олег Кононенко од Меѓународната вселенска станица прави прекрасни фотографии на најголемите градови на планетата. 

2. Владивосток

Во неговата колекција има многу фотографии, вклучувајќи и на руските градови како Москва, Владивосток, Самара, Оренбург, Грозни и Астрахањ. 

3. Санкт Петербург

Санкт Петербург е тешко да се сними од МВС затоа што ретко прелетува над него, а и градот обично го кријат облаци. Ова е една ретка успешна фотографија. 

4. Њујорк

Рускиот космонаут ги снима градовите на сите континенти на светот.

5. Лас Вегас

Вака изгледа американскиот мегаполис од висина од 400 км!

6. Техеран

Ова е четврта вселенска експедиција за 54-годишниот руски космонаут. 

7. Париз

Досега има поминато повеќе од 530 дена во вселената. 

8. Милано

Носител е на повеќе државни награди меѓу кои и орден „Херој на Русија“. 

9. Пекинг

Вселенската фотографија е неговото хоби. 

10. Токио

Повеќе фотографии ќе најдете на официјалниот сајт на „Роскосмос“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња