Предложениот туристички модул се проценува дека ќе чини помеѓу 279 и 446 милиони долари. За да помогне во покривањето на трошоците, „Енергија“ сака да резервира најмалку 12 патници кои можат да платат по околу 4 милиони долари.
NASA/Tracy Caldwell DysonГлавниот руски производител на балистички ракети, вселенски летала и компоненти за вселенската станица - Ракетната и вселенска корпорација „Енергија“ предложи изградба на нов модул на МВС за вселенски туристи. Во моментот се разгледува остварливоста на планот.
Планираниот 20-тонски хотел во вселената ќе има четири комори за спиење, секоја голема по околу два кубни метри и со прозорче со дијаметар од 228 милиметри. Исто така, ќе има две соби за хигиена и медицина, како и соба за дневен престој со голем прозорец 426 милиметри во должина.
Секој билет ќе чини околу 40 милиони долари, давајќи им можност на туристите да поминат една или две недели на МВС. За дополнителни 20 милиони долари туристот ќе може да оди на вселенска прошетка во друштво на професионален космонаут. Исто така, ќе биде можно да се продолжи престојот на МВС до еден месец.
Чуму ѝ е на Русија луксузен хотел? Вселенскиот туризам станува популарен како начин за генерирање приход кој може да помогне во надоместување на трошоците за поскапата вселенска програма. Меѓутоа, уште една главна причина е што Русија користи само 30 отсто од својот сегмент на вселенската станица.
„Вреди да се прошири рускиот сегмент“, изјави Владимир Солнцев, првиот човек на „Енергија“ на почетокот на 2017 година. „Нашите модули на МВС се стари 20-25 години и ги исцрпија своите ресурси. Користењето за експерименти и сериозна работа станува се помалку ефикасно. Зошто да не ги претвориме во вселенски хотел за вселенски туризам?“
Меѓутоа, наместо да ги трансформира старите делови, руската вселенска агенција очигледно одлучи да изгради нова. Предложениот туристички модул се проценува дека ќе чини помеѓу 279 и 446 милиони долари. За да помогне во покривањето на трошоците, „Енергија“ сака да резервира најмалку 12 патници кои можат да платат по околу 4 милиони долари. Ова ќе и овозможи на компанијата да го започне развојот на модулот. Изградбата ќе трае најмалку пет години, но рокот на важност на МВС е до 2028 година. Дали новиот руски проект за вселенски хотел значи дека животот на вселенската станица ќе биде продолжен?
„Деталите ќе бидат објавени наскоро“, изјави официјален претставник на руската вселенска агенција.
Дознајте повеќе за руската вселенска станица „Мир“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче