НАСА ги замоли Русите да извршат технички ремонт на тоалетот во американскиот сегмент на МВС

Wikipedia

Руската ракетно-космичка корпорација „Енергија” на барање на американската вселенска агенција НАСА изврши технички сервис и замена на некои елементи на тоалет на американскиот сегмент на Меѓународната вселенска станица.

Договорот со агенцијата НАСА предвидуваше и изработка и инсталација на елементи на канализациониот систем и кабина за американскиот сегмент на МВС и уште некои услуги за МВС.

Успешно се завршени и предадени работите кои се изведувани во девет фази во рамките на претходно договорените работи, се наведува во годишниот извештај на ракетно-космичката корпорација „Енергија”, пренесуваат медиумите.

Како што се истакнува, „Енергија” ги доби новите работи во рамките на договорот кој е на сила веќе неколку години, со што се овозможува „ефикасно користење на американскиот сегмент на МВС и станицата во целина, како и оперативен одговор на непредвидени ситуации“. На тој начин е „обезбедена и константна работа за одредени сегменти за руската корпорација и мешовитите претпријатија“.

Како што се нагласува, НАСА во 2007 година нарача од Русија вселенски тоалет во вредност од 19 милиони долари по низата неуспешни обиди да направи свој санитарен јазол. Во американскиот сегмент на МВС тоалетот не е во функција од 2016 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња